Пожарите на Пељешац и Корчула се уште активни

Изгаснати три пожари, активни уште три

Стотици пожарникари и припадници на хрватската војска цела ноќ на Корчула и Пељешац се бореа со пламената стихија, меѓутоа, пожарите се се уште активни на повеќе локации, јавуваат хрватските медиуми, пренесува МИА.

Огнот се уште гори во Пониква, на непристапен терен во ридовите, а отворен пламен се уште има и на Корчула. Локалното население очекува брзо пристигнување на авионите канадери, дознава порталот Индех.хр од жупанискиот центар 112.

Во местото Пијавичино, во кое во текот на вчерашниот ден огнот опасно се приближи до куќите, утринава веќе нема отворен пламен.

Откако вчера огнот ги  проголта далекуводите на повеќе локации, без струја се  делови од Трстеник и Пијавичино.

-Сите сили во истиот состав и натаму се на терен, огнот го гасеа цела ноќ и продолжуват и во текот на денешниот ден. Одработија голема работа, но се уште се не е готово, напоменуваат од центарот 112.

Според информациите на Државната управа за заштита и спасување, со огнената стихија на Пељешац и Корчула се борат околу 150 пожарникари, припадници на сите пожарникарски станици од подрачјата на Дубровничко-неретванската жупанија, од Сплит, Шибеник и Задар, со помош на 50 припадниви на Хрватската копнена војска на Вооружените силчи на Република Хрватска.

Површината на двата пожара надминува 500 хектари, наведе Индех.хр.