![смолево изгаснат](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/smolevo-izgasnat.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Пожарот, кој вчера попладне ја зафати месноста наречена Смолево, а во текот на попладневните и вечерните часови се прошири кон Стрежевскиот канал и кон селото Буково, е ставен под контрола.
Утринава и во претпладневните часови, со помош на канадери и авион кој испушташе водени бомби, пожарот е целосно изгаснат. Но и натаму постои опасност од палење, бидејќи опожарениот терен е многу стрмен и опожарените остатоци на дрвја, шишарки итн, лесно со тркалање се пренесуваат до неопожарените делови.
Во моментов, но и во преостанатиот дел од денот, екипите на ТППЕ Битола и на јавното претпријатие Водовод остануваат и натаму на терен, постојано ја контролираат областа, каде што работат на догаснување на внатрешните пламени жаришта.