![Pozar-na-otvoreno-960x720](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Pozar-na-otvoreno-960x720-1.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Ангажирани се стотина припадници на Армијата, припадници на Министерството за внатрешни работи, ловџии, шумски работници. Интервенираат и полициски хеликоптер и два армиски хеликоптери.
Пожарот на планината Серта од рано утрото во неделата се гасне од земја и воздух. Ангажирани се стотина припадници на Армијата, припадници на Министерството за внатрешни работи, ловџии, шумски работници. Интервенираат и полициски хеликоптер и два армиски хеликоптери.
„Тука сме кавадаречки и неготински пожарникари, ловџии, припадници на МВР, летаат дронови проверуваат терен, дојде помош и од страна, пристигна едно возило од Пехчево, од подружницата на ,,Национални шуми” од Демир Капија. Вообичаено, при вакви пожари, распалувањето на огнот е со покачување на температурата во воздухот, околу пладне“, велат пожарникари од терен во изјава.
Пожарот избувна во средата околу 10.30 часот, а синоќа Кризниот штаб од Неготино побара прогласување на кризна состојба по што Владата донесе одлука.