Пожарот на прилепската депонија кај селото Алинци моментално е локализиран, но не е изгаснат.
Од прилепски „Комуналец“ се сомневаат дека пожарот е подметнат и на состанокот на Кризниот штаб побараат поголемо присуство на полицијата. Во меѓувреме се вршат контроли од страна на инспекциските служби, посебно за животна средина.
„Денешниот пожар ја стави депонијата во пламен, но од спротивната страна. Само може да кажам дека се сомневам дека е подметнат пожарот, но не знам од кои причини. Побаравме поголемо присуство на полицијата, а на депонијата имаме еден чувар. Опасноста е од еколошка природа. Се извиваа густи облаци чад, воздухот е загаден. Инспекциските служби, посебно за животна средина прават увид и контрола и добивме препораки како да постапуваме“, изјави Рубин Абрашоски, директор на ЈП „Комуналец“ од Прилеп.
Ова е едно од најголемите предизвикувања пожар на депонијата кај Алинци стара речиси 50 години и е на четири хектари. В година треба да профункционира регионалната депонија кај Новаци