Околу 10:30 часот денеска е добиена пријава за пожар во просториите на Евроком каде има магацини и продажна продавница, а меѓу другото имало и поголема количина на бои и лакови и други хемикалии, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна директорот на Центарот со управување на кризи, Стојанче Ангелов.
-Зборував со сопственикот се работи за голема количина, можеби и 100 тона, а се уште не може да се утврди колку точно средства имало во моментот на појавата на пожарот, бидејќи и дел биле продадени во претходниот период, но во секој случај се работи за голема количина на хемиски средства кои или се изгорени или сите ќе изгорат, вели Ангелов.
Тој додава дека по добивањето на информациите за пожарот на лице место излегле пожарникарите од Тетово, а побарано е и помош од Скопје, Куманово и Велес.
Екипите од Скопје се веќе на терен, а од Куманово и Велес во секој момент треба да пристигнат.
Ангелов вели и дека постои опасност целата зграда да се сруши во секој момент.
Целото видео погледнете го во продолжение: