Пожарот во Дебреште се шири, гори и во скопско Горно Лисиче

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување вторпат полетале кон пожарот во атарот на селото Дебреште, Општина Долнени, а пожарот се шири кон село Кошино.

-Во пожарот кај селото Дебреште во првиот налет на трите Ер трактори значително е намалена силата на огнот на првиот крак на пожарот. Горат трева, грмушки и нискостеблеста деградирана шума. Вториот крак се спушта кон селото Кошино, соопштија од ЦУК.

Пожар избувнал и скопско Горно Лисиче, во месноста Бановина каде гори сува трева и ѓубре.

-Во пожар во Горно Лисиче (месност Бановина), под Ново Лисиче гори сува трева и ѓубре. Нема опасност од ширење, а две екипи на скопската БППЗ со две возила работат на гаснење на пожарот, информираа од ЦУК.