Пожарот во Кочани се доближува до складот на Макпетрол, градот е под сериозна закана

Дел од големиот пожар што попладнево го зафати Кочани полека се локализира. Но, во моментот сериозна закана предизвикува пожарот што беснее во близина на складот на Макпетрол, лоцитан во индустриската зона.

Лоша е ситуацијата и во кочанското село Тркање, каде што пожарот сѐ уште не е ставен под контрола.

Иако состојбата во овој дел од земјава е алармантна, засега не се пријавени човечки жртви. Двајца пожарникари се повредени и хоспитализирани откако се здобиле со лесни повреди, а изгоре и едно пожарникарско возило.

Кочанската фабриката „Амфенол“ има вклучено водени топови во одбрана на високите огнени јазици, кои беснеат веќе неколку часа.