![pozar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/pozar.jpg?resize=696%2C394&ssl=1)
Пожарот во словенечкиот регион Крас, кој се прошири од Италија и натаму гори. Локалните власти соопштија дека превентивно се евакуирани жители на седум околни села и градови. Пожарникарите во текот на целата ноќ го гаснеле пожарот, но се појавуваат нови жаришта.
На помош денеска доаѓаат 800 пожарникари од целата држава, а во гаснењето се активирани и седум хеликоптери.
Пожарот досега зафати повеќе од 2.000 хектари во Словенија, а животот го загуби една полицајка на италијанската страна, која доброволно се пријави да помогне, но загина откако врз неа паднало запалено дрво.