Позитивната листа на лекови ќе се ажурира во октомври и во април

Позитивната листа на лекови ќе се ажурира двапати годишно, во октомври и во април. Првите лекови ќе може да ги очекуваме во октомври, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, при посета на поликлиниката „Јане Сандански“, по повод почетокот на примената на новините во примарната здравствена заштита.

Тој негира дека нема предлози на повикот за ажурирање на позитивната листа.

– Не е вистина. Токму спротивното. Веќе има апликации. Тие ќе се разгледаат и во октомври ќе знаете точно кои лекови ќе бидат. Ние настојуваме и ќе настојуваме да бидат први тие што се најургентни, што во најголем број се трошат и што одат во придобивка на пациентите – истакна Меџити.

Министерот соопшти дека повеќе од илјада рецепти за хронична терапија за еден ден препишале матичните лекари со новата реформа.