Денеска и официјално во Благоевград, Бугарија беше отворен македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.
На ова отварање присуствуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки.
Тој денеска за медиумите порача дека се горди што се со Македонците од Бугарија и упати јасна порака:
– Денес сме тука да ги поддржиме Македонците од оваа страна на границата. И да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци коишто зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија.
За разлика од опозицискиот лидер, Ковачевски како премиер на Република Македонија чиј културен центар се отвора во соседна Бугарија не присуствуваше на овој настан. Ист пример е и кај претседателот Пендаровски, кој пак во негово име го испрати генералниот секретар Миле Бошњаковски.
Позитивните коментари за посетата на Христијан Мицкоски на ова отварање не стивнуваат. Граѓаните упатија подршка до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и порачаа дека вака се сака Македонија!
„Така се сака својот народ каде и да е по светот. Секоја чест“, „Поклон до земја“, „Колку се среќни што ја споделувате најголемата радост со Македонците од Пиринска Македонија, благословени да сте“ се само неколку од многуте коментари од социјалните мрежи.