![sooobrakajka-mesheishta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/sooobrakajka-mesheishta.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Силјан Мицевски, почесен конзул на Србија во Македонија, генерален менаџер на градежната компанија „Пелистер“ и поранешен градоначалник на Битола е еден од повредените во тешката сообраќајна незгода која се случи утрово на патот Охрид-Кичево кај селото Мешеиштае.
![Силјан Мицевски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/siljan-640x330.jpg?resize=300%2C150)
Тој се возел во џипот марка „порше кајен“ со дипломатски регистерски таблички. Според неофицијални информации во несреќата учествувале камион и два автомобили, а повредени се четири лица, од кои едно е во животна опасност.
Потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информираше дека на местото на несреќата увид вршат полициски екипи, а повеќе информации за причините за несреќата ќе бидат соопштени во текот на денот.
Поради увидот на полициските екипи сообраќајот на патот е во застој и се пренасочува по локалните патишта.
Силјан Мицевски оваа година ја доби наградата „Личност на Југоисточна Европа“ која ја доделува Одборот на Филмскиот фестивал за Југоисточна Европа, како поддржувач на културата и спортот во областа на Југоисточна Европа. Тој е с опственик и на РК Пелистер.