Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го одбра судијата кој ќе ја дели правдата во Суперкупот на Европа кој ќе се игра во Белфаст, Северна Ирска.
На центарот ќе биде рускиот арбитар Сергеј Карашев. 42-годишникот зад себе има големо искуство, со натпревари во најсилните натпреварувања на УЕФА, квалификациите за ЕП и СП и воедно големите настани.
За титулата во Суперкупот ќе играат екипите на Челзи (победник на ЛШ) и Виљареал (победник на ЛЕ). Мечот е закажан в среда на 11 август со почеток од 21:00 часот.