Познат светски кардиохируг дел од тимот на Државната кардиохирургија

Врвниот кардиохирург, Антонино Маруло, ќе биде дел од новоформираниот тим на Државната кардиохирургија, најави денеска министерот за здравство, Никола Тодоров.

„Врвниот кардиохирург Антонино Маруло е професор доктор специјалист по кардиохирургија со богато светско искуство“, рече денеска Тодоров.

Маруло, како што нагласи тој, ќе биде ангажиран со полно работно време и во тој период ќе работи како дел од македонскиот кардиохируршки тим во период од една година.

download„Голема чест е да се биде дел од овој проект, како и тоа да се оддржува овој ентузијазам, ќе дадам се’ од себе овој проект да функционира како што треба“, рече денеска доктор Маруло.

Тимовите во новоформираната Државна кардиохирургија ќе бидат сочинети од пет до седум доктори, од кои четворица се врвни експерти од странство, а другите се наши доктори кои се обучени во оваа област. Првата операција би требало да се изведе на крајот на месец март.