Познат идентитетот на 28-годишниот охриѓанец кој почина од коронавирус

Дваесет иосумгодишниот Лазар Секулоски почина на Инфективната клиника во Скопје од Covid-19 , каде последните денови бил на распиратор, пренесе Сител.

Прво бил хоспитализиран во Охрид, а откако му се влошила состојбата бил пренесен во Скопје.

Секулоски бил дијабетичар и имал проблеми со тироидната жлезда.