Ивица Антевски најверојатно е човекот кој пред два дена беше најден во провалијата на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Инаку, 39 – годишниот скопјанец од населба Аеродром пред точно една недела беше пријавен за исчезнат. Постои сомнеж дека се работи за сообраќајна несреќа, поради необезбеденоста на патот и видните оштетувања на автомобилот.
Телото по наредба на јавен обвинител откако било извлечено од тешко пристапниот терен е предадено за обдукција, но сеуште не се знае колку време лежело во бездната.
Случајот пред два дена беше пријавен од страна на вработени во Македонија пат. При увидот на полициските службеници и јавниот обвинител беше пронајдена само патна исправа која припаѓала на 39 годишниот скопјанец.