Четириесет и деветгодишниот Г.А. е мажот монструм кој синоќа, нешто по полноќ, со секира ја уби својата сопруга, Елизабета А. (44) во семејната куќа во гостиварското село Врапчиште.
По грозоморното убиство тој самиот се предал во полициската станица во Гостивар.
Убиството се случило по нерасчистени семејни односи.
Полицијата и екипа на Јавното обвинителство извршиле увид на местото на убиството, а телото на починатата е предадено на обдукција.
Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот против Г.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.