Анестиолозите д-р Томчо Ванчев и д-р Зоран Јовановски добија отказ од работното место бидејќи пред 2 дена, во алкохолизирана состојба работеле како анестезиолози во болницата во Гевгелија кога почина родилка и нејзиното бебе.
Информацијата до медиумите ја испрати ВД Директорот на ЈЗУ Општа болница Гевгелија.
Отказот за нив почнa да важи од вчера и е донесен како дисциплинска мерка согласно членот 186 став 1 алинеа 13 и членот 26 став 2 од Законот за здравствена заштита по добиените анализи за присуство на алкохол во нивната крв.