Познат идентитетот на трите лица приведени во акцијата „Фабрика за афери“

Три лица, В.Н, О Б. З.А, се лишени од слобода во полициската акција за разбивање на Фабриката за афери на СДСМ, пишува Пресс 24.

Порталот наведува дека меѓу приведените има и лица кои се во тесна роднинска врска со прво осомничениот Захир Беќири Чауш.

Дел од медиумите веќе пишуваа дека станува збор за братот и сестрата на Чауш кои што исто така се осомничени за фалсификување документи.

Во акцијата полицијата пронајде хард диск скриен во душек за кој постои сомнение дека содржи незаконски прислушувани разговори, преса за печатење како и сериозна количина на оружје и муниција.