Познат идентитетот на убиецот на Србинката во Чешка

Србинот С.С.(27) е уапсен во Чешка под сомнение дека во својот стан ја убил М.Д.(42), исто така државјанка на Србија.

Србинка била убиена неколку дена пред Нова година во градот Брно, а нејзиното тело било пронајдено на 31 декември, јавуваат локалните медиуми.

Во моментот на злосторството, нејзиното малолетно дете и нејзиниот сопруг биле во Белград, каде најверојатно отишле таму да ги поминат празниците. Телото на жената го пронашла полицијата, пренесува Курир.

„Семејството, пријателите и работодавците на М.Д. биле вознемирени бидејќи таа не им се јавила со денови, па ја известиле полицијата која на 31 декември упаднала во станот. Таму нашле грозоморна сцена“, пренесуваат медиумите.

Како што известуваат, М.Д. лежела во локва крв, а полицијата успеала да го идентификува осомничениот Србин кој наводно бил нејзин познаник.