Познат идентитетот на убиениот во Ѓорче Петров, едно лице e приведено

Маж од Скопје, Д.Н. (38), е жртвата на синоќешното убиство во скопската населба Даме Груев.
Според полициски извори, вчера во 21:38 часот било пријавено е дека на улицата „Шарпланинска“, има лице кое лежи без знаци на живот и до него возило „пасат“ со скопски регистерски таблички.

За возилото подоцна е утврдено дека е сопственост на Д. Н. (65).

Полициски службеници и јавен обвинител излегле на местото на настанот и преземени се соодветни мерки и активности. Утврдено е дека делото е извршено со огнено оружје.

Телото е предадено на обдукција.

Едно лице е приведено во полициска станица. По насоки на јавниот обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.