
Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која вчера околу 13:40 часот се случила кај местот викано „Долна крстосница“ на патот есен-Битола.
Од МВР информираат дека во несреќата на лице место животот го загубиле двајца охриѓани, Д.К. (36) и Ј.Ќ. (34).
-Ссообраќајната незгода се случила помеѓу автомобил „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.К. од Охрид и товарно возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.П.(33) од с.Ваташа, кавадаречко, информира МВР.
Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Ресен.