Познат идентитетот на жената која му го искрши автомобилот на Груби

Полицијата го расчистува инцидентот, кој вчера околу пладне се случил пред Собранието, а во кој жена го искршила ветробранското стакло на службениот автомобил во кој се вози првиот потпретседател на владата, Артан Груби.

Според министерството за внатрешни работи, станува збор за 38-годишна жена. Која веднаш по инцидентот била приведена во полициска станица.

-Околу 12:00 часот пред Собрание од страна на В. Ј. било скршено предното ветробранско стакло од ПМВ пасат сопственост на Влада на Македонија. Од страна на полициски службеници лицето е приведено во Полициската станица во Центар. Се работи на расчистување на случајот, соопштија од МВР, пренесе Канал 5.

Во инцидентот нема повредени, а не се познати ниту мотивите на жената.