Познат идентитетот на жртвите во сообраќајката на патот Струмица-Радовиш

Млад штипјанец и повозрасна жена се жртвите во сообраќајната несреќа на магистралниот пат Струмица – Радовиш.

Според полициските информации, едната жртва е дваесет и петгодишниот Александар А. од штипското село Карбинци, кој патувал во патничкото возило, а втората жртва е Павлина Г. (72) од село Раброво, која била сопатник во товарното возило, објави „Телеграф“.

Во сообраќајката учествувале на патничко моторно возило „Венто“ со штипски регистарски таблички управувано од Т.Г. (46) и товарно моторно возило „Мерцедес“ со велешки регистерски таблички управувано од М.М. (33), пренесе Телеграф.

Возачот на патничкото возило „Венто“ со тешки телесни повреди е пренесен на хируршкото одделение во болницата во Струмица.