Познатиот холандски истажувачки новинар од криминалното милје Петер Р де Фрис е застрелан и тешо ранет на улица во Амстердам, извести во вторникото националната телевизија NOS.
Додека телевизијата објави дека новинарот де Врис е хоспитализиран, полицијата првично се задржа на потврда на инцидентот без да го открива идентитетот на настраданиот.
„Неидентификуван маж е застранен во Ланге Лаидсдварстрат. Повикана е итната служба, а полциијата трага по сторителот или сторителите“ се наведува во соопштението на холандската полиција и притоа се апелира да се јават очевидци на нападот.
Набрзо потоа амстердамската полиција објави ново соопштение во кое се потврдува идентетот на жртвата.
„Во вторникот вечерта на улицата Ланге Лаидсдварстрат се случи инцидент со пукање. Сериозно е ранет 64-годишниот репортер за криминал Петер Р. Де Фрис“, објави на Twitter полицијата на Амстердам.
Амстердамскиот весник Parool пренесува дека сведоци потврдиле дека на де Фрис му било пукано во главата. Весникот објавува снимка на луѓе собрани околу лице кое лежи на земјата.
Во извештајот на Холандската радиодифузна корпорација (NOS), која се повикува на сопствени извори, новинарот бил застрелан пет пати откако го науштил студиото на телевизијата RTL, каде што бил поканет за учество во емисија. Притоа се додава дека де Фрис бил ранет во главата.
Прославен во Холандија, Де Фрис често коментираше во телевизиските криминалистички емисии и важи како стручен известувач за криминалот со сигурни извори и во полицијата и во подзејето. Во врска со неколку случаи на Де Фрис му се заканувало криминалното подземје.
Стана славен како истражувачки новинар откако во 1983 година беше грабнат пивскиот магнат Фреи Хајнекен, а во САД го истражуваше исчезнувањето на тинејџерката Натали Халовеј во 2006 година.