Познат ли е новиот специјален советник во кабинетот на Заев?!

Дали е познат новиот советник во кабинетот на македонскиот премиер, откако бугарскиот порталот 24 Часа објави дека Зоран Заев се сретнал со Динко Валев, познат како „Ловецот на мигранти“ кој фотографијата од средбата со Заев ја објавил на својот фесјбук профил.

„Познатиот Бугарин отпатувал во Македонија за да се сретне со скандалозниот македонски новинар Миленко Неделковски, кој со чекан оштети спомен плоча нна загинати бугарски офицери и војници на Кајмакчалан, но наместо со него се сретнал со премиерот Зоран Заев во Струмица“, пренесува порталот.

„Новиот премиер на Македонија е многу убав човек и го почитувам. Го поддржува решението за добри односи за разлика од оној Миленко кој се покажа како неподготвен“, рекол контроверзниот Динко по повод средбата со Заев, пренесува 24 Часа.

Од кабинетот на Заев нема официјална информација колку време траела средбата, за што се разговарало и дали се договорил распоред за наредни средби кои би ги имал со Динко, ловецот на мигранти од Бугарија.

Оттаму, може да се претпостави дека „ловецот“ ќе биде следниот советник во премиерскиот кабинет. Откако Заев веќе доби советник за „шопинг“ на ќебиња во контроверзниот Србин Башановиќ, редно е и поради симетријата, да добие бугарски советник за мигранти. Покрај тоа, Динко со својата стручност ќе му обезбеди на Заев доволна бројка мигранти за да се исполни квотата предвидена со владината Стратегијата за мигранти, бегалци и странци 2017-2027, како и Акциониот план со 71 проект за мигранти, странци и бегалци во Република Македонија само во 2017 година.