Познат патот на Ѓоковиќ во Њујорк

Српскиот тенисер пристигнува во Њујорк со голема доза самодоверба по случувањата во Париз, но поволна околност за него ќе биде и тоа што на стартот има доста лесен старт на Флешинг Медоус.

Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против квалификант, во второто против победникот од Ѓере и Штруф, додека во третата рунда проектирано е да ги одмери силите со Алексеј Попирин.

Во четврата рунда оди на Шелтон или Тиафо, додека потенцијални четвртфинални противници му се Рубљов или Димитров.

Пред да дојде ред за големото финале, главен фаворит за полуфинале во жребот на Новак е Александер Зверев, тенисер против кого би требало да игра Србинот ако се остварат сите очекувања.

Доста потешко на дешениот жреб минаа Синер и Алкарас, кои уште во раните фази ќе имаат потешки предизвици на патот до големото финале.

Светскиот ретек број еден отвора против МекДоналд, во второто оди на Микелсен, додека во третото коло оди на Вавринка или Џари.

Во четвртата рунда може да вкрсти со незгодниот Томи Пол, а во четвртфиналето би имал сериозен тест против Медведев или Циципас. Потенцијален полуфинален ривал му е Карлос Алкарас, кој исто така има тежок пат пред себе.

Шпанецот во првото коло отвора против квалификант, но веќе во втората рунда ќе игра со подобриот од Шаповалов и Ван Де Зандшулп. Проектиран за третото коло му е Дрејпер, додека во четвртото Табило или Корда.

Во четвртфиналето ќе вкрсти со еден од Хуркач и Де Минор, додека во полуфинале против Синер или Медведев.