Англискиот селектор Гарет Саутгејт го објави во втоникот проширениот список со 33 играчи кои на 1-ви јуни ќе го скуси за седум имиња за конечната листа за Европското првенство.
„Ситуацијата кај нас е посложена отколку кај другите репрезенатации. Наши 12 играчи сѐ уште треба да играат во финалињата на европските натпреварувања оваа седмица, затао ќе би бидат потребни дополнителни играчи. Уште повеќе што имаме неколку повреди, потоа рековалесценти како Хендерсон кој сѐ уште не заигра. Затоа одлучив да си дадам уште извесно време за носење на конечната одлука“, го појасни Саутгејт својот проширен список.
Повредените играчи на кои мислеше Саутгејт се Хари Мегваер, Џордан Хендерсон и Калвин Филипс.
Англија подготвителните натпревари за ЕУРО ги игра на 2-ри јуни против Австрија, а четири дена подоцна против Романија.
Англиската селекција ве во Групата Д, со Хрватска, Чешка и Шкотска, а првиот дуел на првенството ќе го одигра на 13-ти јуни на лондонски „Вембли“ против хрватската репрезентација.
ГОЛМАНИ: Дин Хендерсон (Манчестер Јунајтед), Сем Џонстон (Вест Бромвич Албион(Џордан Покфорд (Евертон) и Арон Ремсдејл (Шефилд Јунајтед)
БЕКОВИ. Трент Алексадндер-Арнолд (Ливерпул), Бен Чилвел (Челзи), Конор Коеди (Вулверхемптон), Бен Ходфри (Евертон), Рис Џејмс (Челзи), Хари Мегваер (Манчестер Јунајтед), Тајрон Мингс (Астон Вила), Лук Шоу (Манчестер Јунајтед), Џон Стонс (Манчестер Сити), Киеран Трипие (Атлетико Мадрид) Кајл Воклер (Манчестер Сити), Вен Вајт (Брајтон енд Хоув Албион).
СРЕДЕН РЕД: Џуд Билингам (Борусија Дортмунд), Џордан Хендерсон (Ливепрул), Мејсон Маунт (Челзи(, Келвин Филипс (Лидс Јунајтед), Диклејн Рајс (Вест Хем Јунајтед), Џејмс Вард-Проус (Саутемптон).
НАПАД: Доминик Калверт-Левин (Евертон), Фил Фоден (Манчестер Сити), Џек Грилиш (Астон Вила), Месјон Гринвуд (Манчестер Јунајтед), Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд), Рахим Стерлинг (Манчестер Сити), Оли Воткинс (Астон Вила).