Фудбалскиот сојуз на Србија во петокот го објави списокот на играчи кои ги избра селекторот Драган Стојковиќ за Светското првенство во Катар.
„Орлите“ се во групата Г со Бразил, Камерун и Швајцарија. Србија првиот меч го игра на 24 ноември (20 часот) против Бразил, четири дена подоцна (11 часот) следува меч со Камерун, а на 2 декември (20 часот) со Швајцарија.
На списокот на Стојковиќ се:
Голмани: Марко Дмитровиќ, Предраг Рајковиќ, Вања Милинковиќ-Савиќ
Одбрани: Стефан Митровиќ, Никола Миленковиќ, Страхиња Павловиќ, Милош Вељковиќ, Филип Младеновиќ, Страхиња Ераковиќ, Срѓан Бабиќ
Среден ред: Немања Гудељ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Саша Лукиќ, Марко Грујиќ, Филип Костиќ, Урош Рачиќ, Немања Максимовиќ, Иван Илиќ, Андрија Живковиќ, Дарко Лазовиќ
Напад: Душан Тадиќ, Александар Митровиќ, Душан Влаховиќ, Филип Ѓуриќиќ, Лука Јовиќ, Немања Радоњиќ.