
Во вторникот вечерта во Тел Авив беа избрани десетт финалисти кои вечерва се пласираа во големото финале за избор на песна на Евровизијата за 2019 година, коешто ќе се одржи во сабота.
Редоследот според кој беа избрани земјите учеснички: 1.Грција, 2.Белорусија, 3.Србија, 4.Кипар, 5.Естонија, 6.Република Чешка, 7.Австралија, 8.Исланд, 9.Сан Марино и 10.Словенија
Македонија годинава ја претставува Тамара Тодевска со песната „Proud“ која ќе настапи во четврток во втората полуфинална вечер.