
Голден Стејт Вориорс беа поразени на гостувањето кај Сакраменто Кингс со 124:123. Најдобар играч на „кралевите“ беше Де’Арон Фокс со 29 поени, девет скока и седум асистенции, додека Стивен Кари и Ендрју Вигинс постигнаа 29 поени за Вориорс.
За тимот од Сан Франциско ова беше десеттиот пораз во 18 натпревари сезонава, па Вориорс со учинок 8-10 паднаа на десеттото место во Западната конференција.
Со оваа победа Сакраменто оствари учинок од 10-6, а воедно го освои и првото место во групата Ц од групната фаза на НБА Купот, за која беа сметани синоќешните натпревари и кои ги одредија четвртфиналните двојки.
Во Западната конференција за пласман на фајналфорот во Лас Вегас ќе се борат Сакраменто Кингс и Њу Орлеанс Пеликанс и Лос Анџелес Лејкерс и Феникс Санс, додека во Источната конференција четвртфиналните двојки се Индијана Пејсерс – Бостон Селтикс и Милвоки Бакс – Њујорк Никс.
Четвртфиналните натпревари се закажани за 4 и 5 декември.
Резултати од НБА, 28.11.
Сакраменто Кингс – Голден Стејт Вориорс 124:123
Бостон Селтикс – Чикаго Булс 124:97
Бруклин Нетс – Торонто Репторс 115:103
Кливленд Кавалирс – Атланта Хокс 128:105
Мајами Хит – Милвоки Бакс 124:131
Њујорк Никс – Шарлот Хорнетс 115:91
Минесота Тимбервулвс – Оклахома Сити Тандер 106:103
Далас Маверикс – Хјустон Рокетс 121:115
Табели:
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. Бостон Селтикс 14 4 77,8 отсто
2. Милвоки Бакс 13 5 72.2
3. Орландо Меџик 12 5 70.6
4. Филаделфија 76ерс 12 5 70.6
5. Њујорк Никс 10 7 58,8
6. Индијана Пејсерс 9 7 56.3
7. Мајами Хит 10 8 55,6
8. Кливленд Кавалирс 10 8 55,6
9. Бруклин Нетс 9 8 52,9
10. Атланта Хокс 8 9 47.1
11. Торонто Репторс 8 10 44.4
12. Шарлот Хорнетс 5 11 31.3
13. Чикаго Булс 5 14 26.3
14. Вашингтон Визардс 3 14 17.6
15. Детроит Пистонс 2 15 11.8
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. Минесота Тимбервулфс 13 4 76,5 отсто
2. Денвер Нагетс 12 6 66,7
3. Феникс Санс 11 6 64,7
4. Далас Маверикс 11 6 64,7
5. Оклахома Сити Тандер 11 6 64,7
6. Сакраменто Кингс 10 6 62,5
7. Лос Анџелес Лејкерс 10 8 55.6
8. Хјустон Рокетс 8 7 53.3
9. Њу Орлеанс Пеликанс 9 9 50.0
10. Голден Стејт Вориорс 8 10 44.4
11. ЛА Клиперс 7 9 43,8
12. Јута Џез 6 11 35.3
13. Портланд Трејл Блејзерс 5 12 29.4
14. Мемфис Гризлис 3 13 18.8
15. Сан Антонио Спарс 3 14 17.6