Денеска во ниов беше извршен ждребот за групната фаза на второто по квалитет фудбалско натпреварување на Стариот континент – Лига Европа.
Една од најинтересните групи е „Ф“, во која влегоа и финалистот од претходното издание Арсенал и полуфиналистот Ајнтрахт Франкфурт. Стандард Лиеж и Виторија Гимараеш се другите екипи кои ќе се обидат да се квалификуваат за елиминациите.
Манчестер јунајтед ќе има тешки посети во Казахстан и Белград, откако „црвените ѓаволи“ се паднаа во група со Астана, Партизан и АЗ Алкмар.
Петкратниот освојувач на трофејот, Севиља имаше среќа и се најде во групата „А“, во која се уште АПОЕЛ, Карабах и Дуделанж.
Групата „Е“ исто така изгледа интересно. Таа ги вклучува Лацио, Селтик, Рен и Клуж.
Еве ги сите 12 групи во кои беа распределени 48-те екипи вклучени во групната фаза на ЛЕ:
Група А
Севиља
АПОЕЛ
Карабах
Дуделанж
Група Б
Динамо Киев
Копенхаген
Малме
Лугано
Група Ц
Базел
Краснодар
Хетафе
Трабзонспор
Група Д
Спортинг (Лисабон)
ПСВ Ајндховен
Розенборг
ЛАСК
Група Е
Лацио
Селтик
Рен
Клуж
Група Ф
Арсенал
Ајнтрахт Франкфурт
Стандард Лиеж
Виторија Гимараеш
Група Г
Порто
Јанг Бојс
Феенорд
Ренџерс
Група Х
ЦСКА Москва
Лудогорец
Еспањол
Ференцварош
Група И
Волфсбург
Гент
Сент Етјен
Олександрија
Група Ј
Рома
Борусија Менхенгладбах
Истанбул Башакшехир
Волфсбергер
Група К
Бешикташ
Брага
Волверхемптон
Слован (Братислава)
Група Л
Манчестер Јунајтед
Астана
Партизан
АЗ Алкмар.