Сојузот на спортски федерации на Македонија во соработка со Агенцијата за млади и спорт и годинава традиционално го организира изборот на најдобрите спортисти за 2013 година. Свечената церемонија на прогласување на најдобрите ќе се одржи на 9 јануари 2014 година во Музејот на македонската борба.
Кандидатите се номинирани во девет категории.
1. Спортист на годината: Кирил Лазаров (ракомет), Димитар Ѓорѓиев (кик бокс) и Дејан Недев (традиционално карате).
2. Спортистка на годината: Билјана Црвенковски (ракомет), Илина Арсова (планинарење), Робертина Мечевска (ракомет).
3. Млад спортист на годината: Берат Јакупи (карате), Филип Талевски (ракомет) и Љупче Коцев (кик бокс).
4. Млада спортистка на годината: Сара Ристовска (ракомет), Маријана Димовска (карате), Лина Ѓорческа (тенис).
5. Најуспешен машки национален тим: Ракометен национален тим, Кугларски национален тим и Карате кумите национален тим.
6. Најуспешен женски национален тим: Ракометен национален тим, Сениорки карате Ката тим и Фудбалски национален тим.
7. Најуспешен спортист – лице со инвалидитет: Андреј Стојановски (пливање).
8. Најуспешен тренер/селектор: Драган Атанасовски (кик бокс), Ивица Обрван (ракомет), Марјан Соколовски (пливање).
9. Најуспешно организира национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија, Кик Бокс федерација на Македонија и Карате федерација на Македонија.
Во гласањето ќе учествуваат спортските новинари, спортските федерации и седумчлениот совет за спорт при Агенцијата за млади и спорт.