ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори ќе оди со двајца надпартиски кандидати кака носители на кандидатските листи. Професорката од Правниот Факултет, Гордана Силјановска Давкова, ќе ја предводи првата изборна единица, а познатиот оперскиот пејач Игор Дурловски ќе оди во 5-тата изборна единица каде убедливо води на анкетите пред сите други.
Во третата изборна единица носител на листата е генералниот секретар Игор Јанушев, додека во 4-тата изборна единица од граѓаните довербата ќе ја побара потпретседателот Александар Николоски кој ќе се соочи со лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Во втората изборна единица листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ја предводи потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски. Уште една жена ја добива довербата на партијата, докторката Дафина Стојановска, која ќе биде носител на листата во шестата изборна единица.
Претседателот на партијата Христијан Мицкоски ќе биде шпицен кандидат, мандатар за состав на новата влада.
Носител на листа во ИЕ1 – Гордана Силјановска Давкова
Носител на листа во ИЕ2 – Владо Мисајловски
Носител на листа во ИЕ3 – Игор Јанушев
Носител на листа во ИЕ4 – Александар Николоски
Носител на листа во ИЕ5 – Игор Дурловски
Носител на листа во ИЕ6 – Дафина Стојановска