Познати полуфиналните двојки во АБА лигата

Од поодамна се знаеја четирите тима кои ќе разигруваат во плејофот за титулата, а по синоќешниот меч познат е и конечниот изглед на табелата, како и двојките за полуфиналето.

Бранителот на трофејот Црвена звезда го освои првото место и во полуфиналето ќе игра против Будуќност.

Вториот полуфинален пар го сочинуваат Цедевита и Партизан.

Полуфиналната серија се игра во два добиени натпревари, ќе стартува на 18 март во Загреб со дуелот Цедевита – Партизан, а ден подоцна (19 март) во Белград, Црвена звезда ја пречекува Будуќност.

Реваншите на програмата се на седум дена подоцна на теренот на Партизан и Будуќност, додека евентуалните мајсторки би се играле на 1 и 4 април.

Почетокот на финалната серија, подобар од пет натпревари е закажан за 10 април.