Македонската ракомента селекција во вторникот ги доби противниците во квалификациите за Еевропското првенство 2022 година.
За пласман на континенталниот собир, кој ќе се игра во Унгарија и Словачка, „црвено-жолтите“ ќе треба да се изборат со Швајцарија, Финска и Данска.
ЕП 2022 ќе се игра во препознатливиот термин во месец јануари, а квалификациите ќе стартуваат во месец ноември.
Квалификациите ќе стартуваат на 4 ноември, а ќе завршат на 2 мај идната година.
Пласман на Европското ќе обезбедат првопласираните две репрезентации од сите групи како и четирите најдобри третопласирани селекции.
Шампионатот ќе се игра од 13 до 30 јануари 2022 година.