Четири квалификациски турнири за Олимписките игри ќе се одржат од 2 до 7 јули, а само победниците на тие турнири ќе добијат настап во Париз од 24 јули до 9 август следната година.
Три селекции од регионот ќе се соочат на квалификацискиот турнир во Пиреја и ќе се обидат да се пласираат на Олимписките игри што следното лето ќе се одржат во Париз, а покрај домашната репрезентација на Грција, Словенија и Хрватска, како претставнци на европската машка кошарка ќе со обидат да изборат пласман и Нов Зеланд, Доминиканската Република и Египет, одлучи на жрепката одржана во седиштето на Меѓународната кошаркарска асоцијација (ФИБА).
Во првата фаза од натпреварувањето во Пиреја, Хрватска ќе биде во групата А со Словенија и Нов Зеланд, додека Грција, Египет и Доминиканската Република ќе играат во групата Б. Од секоја од тие групи ќе се пласираат двете првопласирани репрезентации до полуфиналето, а победниците од полуфиналето ќе се сретнат во дуел кој ќе изнедри патник на Олимпијадата во Париз.
Преостанатите три турнира ќе се играат во Валенсија, Латвија, Рига, Латвија и Сан Хуан, Порторико. Шпанија, Либан, Ангола, Финска, Полска и Бахамите ќе играат во Валенсија, Латвија, Филипини, Грузија, Бразил, Камерун и Црна Гора во Рига, а Порторико, Италија, Бахреин, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Литванија во Сан Хуан.
На Олимписките игри веќе се пласираа домаќините Франција, САД, Германија, Австралија, Канада, Кина, Јапонија, Србија и Јужен Судан.