Откако се комплетираше групната фаза на Евробаскетот, веќе утре (сабота) стартуваат нокаут возбудувањата на турнирот.
Со по четири натпревари в сабота и недела ќе се комплетира осминафиналниот мозаик. Возбудувања ќе има во текот на двата дена, од пладне до вечерниот термин.
Термини за четвртфиналните пресметки на ЕП:
Сабота (10 септември)
Турција – Франција (12:00 часот)
Словенија – Белгија (14:45 часот)
Германија – Црна Гора (18:00 часот)
Шпанија – Литванија (20:45 часот)
Недела (11 септември)
Украина – Полска (12:00 часот)
Финска – Хрватска (14:45 часот)
Србија – Италија (18:00 часот)
Грција – Чешка (20:45 часот)
Во четвртфиналните дуели вкрстуваат: Германија/Црна Гора – Грција/Чешка, Шпанија/Литванија – Финска/Хрватска, Словенија/Белгија – Украина/Полска, Турција/Франција – Србија/Италија. Веќе во следната рунда може да дојде до големи дербија, а и во осминафиналето ќе има интересни пресметки.