
Светската фудбалска организација (ФИФА) нема нема да покрене дисциплинска постапка против Арјен Робен, без оглед на фактот дека крилниот напаѓач јавно призна дека се обидел да изглуми пенал во првото полувреме од дуелот против селекцијата на Мексико.
Крилниот напаѓач на германскиот гигант Баерн (М) во 92 минута изнуди сомнителен пенал за Холандија, но после натпреварот изјави дека во таа ситуација имало прекршок и дека судијата со право покажал на белата точка.
„Дисциплинската комисија се собира само за посериозни престапи. Глумата на терен се казнува само со жолт картон, па затоа не се вбројува во категоријата на сериозни престапи, па против Робен нема да биде покрената дисциплинска постапка“, изјави медиа-шефот на ФИФА, Дилаја Фишер.