Познатиот европски синџир на маркети SPAR во Хрватска на своите вработени им овозможи во среда да го гледаат полуфиналниот натпревар на Мундијалот меѓу „коцкестите“ и Англија.
Очигледно дека и директорите на компанијата ги тресе фудбалската еуфорија, како и целата држава.
За да им овозможиме на нашите вработени да го следат натпреварот во среда на 11 јули ќе ги затвориме сите SPAR супермаркети и INTERSPAR хипермаркети во 19.30 часот. Ги молиме граѓаните да имаат разбирање и купувањето во среда да го прилагодат на скратеното работно време-порачаа од компанијата.