Филмското студио „Sony Pictures“ објави на Twitter дека продолжението на анимираниот филм „Човекот пајак: Низ универзумот“ ќе биде премиерно прикажан на 8-ми април 2022 година.
Други поединости, вклучително и името на режисерот и сенаристот, сѐ уште не се откриваат.
Првиот филм за њујоршкиот тинејџер Мајлс Моралес, кој живее во светот во кој секој може да го носи костимот на суперхеројот Спајдермен, беше лансиран во декември 2018 година, а потоа беше награден со Оскар во категоријата Најдобар долгометражен анимиран филм.
April 8, 2022 🕷 #SpiderVerse pic.twitter.com/FC5nVIuciB
— Spider-Man: Into The Spider-Verse (@SpiderVerse) November 1, 2019