Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес на средба со претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза, а Владата сѐ уште нема набавено лек за сите пациенти

Фејсбук објава на Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

Денес имавме работен состанок со претставници на Асоцијација за цистична фиброза на кој детално не запознаа со нивните проблеми.
Од нив бевме информирани дека и после два месеци одкако ги изгласавме законските измени,владата сеуште не набавила модулаторна терапија за сите пациенти.
Договоривме заедничка агенда за подобрување на условите за живот на овие пациенти!