Ако го следиме целиот овој процес ќе видиме дека најавените уставни измени беа најавени по изгласување на францускиот предлог дека власта ќе започнат со уставните измени,“ изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во вечерашното гостување во емисијата „10 Минути“ на ТВ 21.
Тој посочи дека потоа власта се помести за Уставни измени за почетокот на оваа година па сега гледаме дека одредени структури од СДС велат дека тоа би се случувало напролет или летото дури се оди и до таму што се зборува дека овој мандатен состав нема да направи уставни измени.
„Зошто го зборувам ова ? Затоа што можете да ја видите кохезијата која ја има во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери а со последниот закон кој го поднесовме законот за амнестија“, рече Мицевски
Мицевски посочи дека на законите предложени од опозицијата се потпишани сите пратеници, додека пак кај власта на еден закон не се потпишани сите пратеници.
„Законот за амнестија е потпишан од 44 пратеници и тоа е најголемиот број на пратеници во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“. Сега ќе прашам најдете закон на кој се потпишани сите пратеници од владејачкото мнозинство и коалицијата на СДС заедно на еден закон. Таков закон јас ве уверувам дека нема“, вели Мицевски.