„Денеска на електронската пошта примивме иницијатива од претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски каде се побара сите пратенички групи каде во моментот се расправа одлука за прераспределба на средства помеѓу централните институции и фондовите да се обезбедат дополнителни средства со што сега товарот кој сега го имаат општините од аспект на плаќање пожарникарите би бил од капата на државата од аспект на зголемувањето на блок дотациите. Сакам да ве информирам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија денеска го повика претседателот на ЗЕЛС кој што дојде во придружба на градоначалникот на Велес, Марко Колев и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов и се обврза да поднесе амандман со што овие средства ќе бидат дополнително обезбедени’, истакна Стојаноски.
Стојаноски во текот на својата изјава укажа дека министерот за финансии, Фатмир Бесими се обврзал дека овие средства ќе бидат обезбедени.
„Во текот на денот, во 16 часот имавме средба во парламентот на која присуствуваа делегацијата од ЗЕЛС и министерот за финансии, Фатмир Бесими којшто се обврза дека тие средства ќе бидат обезбедени. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе амандман кој беше прифатен од мнозинството и овие средства ќе бидат обезбедени до крајот на годината, со што значи општините и единиците на локалната самоуправа ќе добијат дополнителен простор од аспект на сопствените буџети, овие средства кои нема да ги даваат на плати на пожарникарите бидејќи државата ќе ги обезбеди, ќе можат да ги реализираат од аспект на проекти и од инфраструктурата“, рече Стојаноски.
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во својата изјава кажа дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска излегоа во пресрет да се реши еден децениски проблем на општините.
„Ова утро како претседател на ЗЕЛС, нашата асоцијација поднесе амандман односно барање до сите пратенички групи во Собрание, и сакам да се заблагодарам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата што излегуваат во пресрет не само на ЗЕЛС туку и на сите општини практично во Македонија со обезбедување на овие 60 милиони денари кои и те како ќе значат за општините. Ние имаме илјадници нерешени прашања во минатото, но ова е една помала битка би рекол која што ја добивме како ЗЕЛС после долги години функционирање како ЗЕЛС како асоцијација на сите општини. Како што спомена Стојноски, ние денеска успеавме заеднички да издејствуваме да бидат обезбедени 30 милиони денари од една страна кои што ќе бидат употребени од страна на општините за покачувањата на платите од една страна и регресот до крајот на годината за преостанатите три месеци и дополнително уште 30 милиони, значи вкупно 60 милиони денари. Останатите 30 милиони денари би се употребиле и министерот даде согласност и ветување дека во наредниот период од десетина дена ќе потпише согласности кои со години чекаат за вработување во противпожарните едници секаде низ Македонија“, кажа Ѓорѓиевски.