Пратеничката Жаклина Пешевска е новата претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Жаклина Пешевска е новата претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, соопшт партијата.  Пешевска е актуелен пратеник во Собранието. Таа доаѓа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, а пред да биде избрана за претседател на Унијата на жени била член на ИК на Унијата на жени.

– Извршниот комитет на партијата на вчерашната седница ја разгледа актуелната политичка ситуација во Македонија, но и општата закана по здравјето на граѓаните од корона вирус, која е причинета поради неспособноста на Заев и Филипче да менаџираат. Дополнително ИК констатираше и дека Заев не води сметка за економската состојба на среден и долг рок. И преку константното задолжување, прво ги крши критериумите од Мастрихт, а следствено и ја загрозува ликвидноста и солвентноста на системот – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИК донесе одлука и за распишување на јавен повик за кандидирање на претседатели на следните Општинските комитети во Старо Нагоричане, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Гевгелија, Неготино, Новаци, Ресен, Струга, Кичево, Центар Жупа, Дебар, Гостивар, Теарце, Брвеница, Боговиње и Битола.