Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ на средби со граѓаните. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите неколку дена, преку пратеничките канцеларии на пратениците ја спроведе Акцијата „Мобилни пратенички канцеларии“.
Целта на оваа акција, како што информираат од Пратеничката група, била да се посетат и да се оствари контакт со граѓаните од населените места кои поради најразлични причини не се во можност и не можат да дојдат во пратеничките канцеларии на пратениците.
На средбите кои се оддржа низ повеќе наслени места низ целата држава се разговараше за секоја тема која ги интересира луѓето. Се разговараше за политички теми, за локални и месни проблеми, за прашања од надлежност на Собранието на Република Македонија, но и за проблеми за кои се одговорни извршната и локалната власт.
Сите прашања и проблеми кои беа истакнати на овие средби, а се во надлежност на Собранието на Република Македонија ќе бидат разгледани од страна на пратеничката група и ќе бидат процесуирани во форма на пратенички прашања, автентични толкувања, амандмански интервенции во законите кои се во процедура или во предлози за измени и дополнувања на законите.
За оние прашања и проблеми кои беа истакнати од граѓаните, а не сe во надлежност на Собранието, пратениците земаа за обврска да ги информираат надлежните државни или локални органи. Односно информациите ќе бидат доставени до министерствата и Општините, се со цел да се изнајде послен начин за нивно решавање.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како досега така и понатаму продолжува со својот претпознатлив начин на работа да биде во постојан контакт со граѓаните. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ стојат на располагање на сите граѓани за било какви предлози, сугестии, идеи, забелешки и критики, без разлика на нивната партиска, етничка или религиска припадност.