![sobranie](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/sobranie.jpg?resize=500%2C221&ssl=1)
Пратениците во Собранието на Република Македонија треба да расправаат за повеќе предлог- закони.
На дневен ред на денешното 6-то продолжение на 80-тата седница на Собранието се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, на Законот за платите на судиите и на Законот за платите на јавните обвинители, сите по скратена постапка.
На денешната седница, како што е најавено, пратениците треба да расправаат и по Предлог-законот за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, во прво читање, поднесен од пратениците од опозицијата.