Пратениците денеска ќе гласаат за францускиот предлог

Седницата на Собранието на која се расправа за францускиот предлог, треба да продожи со работа денеска во 11 часот.

На списокот на пријавени за збор се останати уште тројца пратеници.

Вчерашната расправа претседателот Талат Џафери ја прекина во 22 часот.

Дебатата по Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за старт на пристапните преговори на земјава со Европската Унија почна завчера во Собранието. По завршување на расправата се очекува да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе и бидат испорачани на Владата.

Коалицијата на СДСМ, заедно со партиите на Албанците, го има потребниот број на гласови.