
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го отфрли барањето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за добивање апанажа.
Одлуката на Комисијата беше донесена едногласно.
Пратениците, исто така, дебатираа и за, како што посочија „дрскоста Јанева да побара ваков надоместок од Собранието“, додавајќи дека треба сепак да се почитува правото на пресумпција на невиност.