
Трајко Димков и Артан Груби се двајцата пратеници кои ќе учествуваат во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање во новоформирана Агенција за национална безбедност (АНБ)
Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање денеска ги избра овие членови кои според претседателот на Комисијата, Трајко Вељаноски, се предложени по претходна консултација со политичките партии. Комисијата го усвои и Извештајот за работата на УБК и Агенцијата за разузнавање за 2018 година.