Премиерот Димитар Ковачевски, денеска ќе има свое обраќање на 81-та пленарна седница на Собранието, на чиј дневен ред е точката „Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година“.
Со премиерот во Собранието ќе бидат присутни министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за правда, Бојан Маричиќ, а според добро упатени извори на КУРИР тие ќе одговараат само на реплики на пратениците, додека Ковачевски ќе има свое обраќање.
На пратениците на СДСМ им е сугерирано никој да не се јавува за збор, додека пратениците на ЛДП ќе гласаат ЗА предлогот.
Според информации на Курир.мк, Павле Трајанов може и да не се појави на гласањето, додека Маја Морачанин од ДОМ веќе е познато дека се изјасни против францускиот предлог.
Седницата е закажана за во 13:30 часот, додека претходно пред Собранието точно напладне ќе се одржи протест против овој предлог.